Дома Фудбал Италија Игуаин: Јуве никогаш не се предава, сакаме тројна круна!

Игуаин: Јуве никогаш не се предава, сакаме тројна круна!

Гонзало Игуаин уште еднаш јавно ја покажа својата љубов кон Јувентус и истакна дека сака да освои тројна круна оваа сезона.

Аргентинецот одигра фантастичен меч на „Вембли“ и беше најзаслужен што Јувентус го елиминира Тотенхем во Лигата на шампиони.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Како се вративме против Тотенхем? Со душа и карактер, но пред се со срце! Ние секогаш веруваме во себе. Губевме, но Јуве никогаш не се предава, се уште сме живи во сите натпреварувања. Оваа сезона сакаме тројна круна“, изјави Игуаин.

„Пипита“ игра во фантастична форма, а статистиката покажува дека постигнува гол на секои 48 минути во последниот месец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Анди Робертсон: Заминувам, но и не добив понуда од Ливерпул

Ендру Робертсон, кој веќе ја најави својата претстојна разделба со Ливерпул летово, призна…