Дома Македонски спорт Мак ракомет Ивица Илиев е нов играч и помошник на Матлиески во Голден Арт КЛ7

Ивица Илиев е нов играч и помошник на Матлиески во Голден Арт КЛ7

Еден од најдобрите стрелци во суперлигата последните неколку години е нов играч на Голден Арт КЛ7. Велешанецот Ивица Илиев со целиот багаж на суперлигашко искуство, луцидност во играта и убоитост во постигнување на голови ќе придонесе за подигање на конкурентноста на тимот и поквалитетен развој на младите играчи во тимот.

Покрај несомнено високите ракометни квалитети, клубот и луѓето кои го водат многу добро ги познаваат и човечките квалитети на вториот стрелец на суперлигата во сезоната која заврши. Токму затоа падна изборот на Илиев, кој покрај задачите како играч кој треба да биде пример за младите како на тренинг така и на самите натпревари, ќе ја има улогата на помошник на шефот на стручниот штаб, Никола Матлиески подготвувајќи се за својата следна улога во ракометот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


“Ентузијазмот на луѓето во клубот, амбициите кои ги има клубот во следните години и политиката на развој на младите играчи и млади тренерски кадри беа доволна причина за мене како искусен играч, да се одлучам да пристапам кон Голден Арт КЛ7. Матлиески како тренер и човек исклучително го ценам, со постоечкиот играчки кадар и со тоа  што се планира како надградба очекувам клубот експресно да се врати во суперлигата. Верувам дека ќе пренесам дел од моето искуство на младите играчи во клубот, а од друга страна ќе имам што да научам од првиот тренер на кој ќе му помагам во работата” – изјави Илиев при потпишувањето на договорот со претседателот на клубот, Сашко Даев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

ГРК Тиквеш доби силен спонзор од својот град

Екипата на ракометниот суперлигаш Тиквеш од Кавадарци се пофали со нова соработка за следн…