Дома Фудбал Останато Ивановиќ го напушта Зенит и потпишува за Црвена Звезда!?

Ивановиќ го напушта Зенит и потпишува за Црвена Звезда!?

Рекордерот по број на натпревари за фудбалската репрезентација на Србија, Бранислав Ивановиќ ќе го напушти Зенит Санкт Петербург и ќе се пресели во Црвена Звезда, барем така пишува руски „Спорт Експрес“.

Ивановиќ заедно со рускиот тим го освои Купот, односно двојната круна, како капитен, па сега реши да замине бидејќи не сака да му биде намалена платата.

Руските медиуми пишуваат дека постои можност Ивановиќ да се врати во Србија и да потпише за српскиот гигант.

Ивановиќ има 36 години, а во Зенит пристигна од Челси во јануари 2017 година и освои две титули и Купот.

Претходно играше уште и за ОФК Београд и Локомотива Москва, а сигурно ќе донесе дополнителен квалитетн и искуство во Ц. Звезда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Руни не сака одземените титули на Сити, но сака да ги испратат во најниска лига

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед Вејн Руни изјави дека неговиот поранешен клуб н…