Дома Фудбал Англија Зума: Мурињо ми кажа дека сум ѓубре

Зума: Мурињо ми кажа дека сум ѓубре

Дефанзивецот на Челзи Курт Зума во разговор за „РМЦ Спорт“ зборуваше за неговиот однос со тренерот Жозе Мурињо.

Зума во Лондон пристигна во 2014 година и тоа на барање токму на Мурињо кој тогаш го водеше Челзи. Во Челзи дојде од Сент Етјен. Сега во интервјуто Зума откри дека Мурињо во една прилика му нарекол ѓубре.

„Не знам кој натпревар беше точно, но знам дека изгубивме на гости со 3:1. Следниот ден Мурињо ме повика во неговата канцеларија и ме праша дали со мене се е во ред. Му одговорив „да“, пак ме праша дали сум сигурен, јас му повторив „да“. Тогаш ми возврати: Те прашувам затоа што оваа недела си како ѓубре на теренот. Ми го кажа тоа баш директно. Бев шокиран, но се поправив во натпреварите“.

„Се сеќавам дека тоа ме повреди, влијаеше на мене. Но, навистина сакав да му покажам дека можам да реагирам на вистински начин“.

„Мурињо е човек кој сака да победува и се случи со се за да дојде до победата. Дојдов тука како 19 годишник и тој ми даде шанса. Бев во прилика да играм и да покажам што знам. Не знам што другите луѓе мислам, но според мене не е точно дека Жозе не дава шанса на младите“, изјави Зума.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сити сепак има шанса следната сезона да игра во ЛШ?

Неодамна Европската фудбалска унија (УЕФА) го казни Манчестер Сити со двегодишно исфрлање …