Дома Фудбал Останато Знаете ли во кој спорт денес Мирко Вучиниќ гради нова кариера?

Знаете ли во кој спорт денес Мирко Вучиниќ гради нова кариера?

35 годишниот Мирко Вучиниќ после фудбалската кариера започна нова кариера во друг спорт.

Вучиниќ откако го напушти фудбалот остана во спортот, откако стави крај на професионалната фудбалска кариера започна да игра голф.

Со текот на времето Вучиниќ се заљуби во овој спорт, започна активно да игра и овој викенд ќе учествува на „Монтенегро опен“, неофицијално првенство на Црна Гора.

Своето учество на овој турнир Вучиниќ го потврди за црногорските медиуми.

„После завршувањето на кариерата започнав да следам и да играм голф. Тоа е спорт кој многу опушта за разлика од фудбалот. Фудбалот ми даде многу, а голфот ми дава друг вид на уживање – ме опушта, поминувам многу време со пријателите во природата, а во исто време се натпреваруваш“.

„Се надевам дека голфот кај нас ќе се развие на едно повисоко ниво. Слушнав дека се градат терени, верувам дека со тие проекти ќе се оди до крај. Голфот е многу популарен, привлекува многу луѓе кои сакаат да се опуштат и уживаат, во овој спорт го добиваат и едното и другото“, изјави Вучиниќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Клоп сака ред и дисциплина, еве што забранил уште од првиот ден!

Познатиот стручњак Јирген Клоп вчера го одржа својот прв тренинг на чело на германската ре…