Рома сериозно се вклучи во трката за мароканскиот репрезентативец Хаким Зијех, пренесуваат италијанските медиуми.
Зијех не добива голема минутажа во Челзи, па и самиот сака да ја промени средината во јануари.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Мароканецот беше голема желба на Милан во летниот преоден рок, но сега „росонерите“ се насочија кон Заниоло, а Рома го сака Зијех како замена за Италијанецот.
Мурињо го убедил Зијех да се пресели на „Олимпико“, па двата клуба ги договараат последните детали.
Зијех треба да пристигне во Рома на позајмица до крајот на сезоната со опција за откуп од 15 милион евра на лето.