Дома Фудбал Зинедин Зидан останува тренер на Реал Мадрид!

Зинедин Зидан останува тренер на Реал Мадрид!

Зинедин Зидан ќе остане тренер на Реал Мадрид и наредната сезона, тврди Марка.

После завршувањето на сезоната Зидан не беше сигурен дали ќе остане во тимот, но после разговорите со Флорентино Перез, одлучил да остане во клубот.

Така Зидан ќе ги предводи Кралевите во одбрана на титулата, која оваа сезона се пресели од Камп Ноу на Сантијаго Бернабеу.

Оваа вест сигурно ќе ги израдува навивачите на Реал Мадрид кои очекуваат уште посилен тим на чело со Зидан во новата сезона.

Зидан од 2016. година освои две лигашки титули, три титули во ЛШ, две титули УЕФА Суперкуп и двапати Светско клупско првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кристијано Роналдо конечно одговори на прашањето кое ја интересира Португалија, но и целиот свет!

Кристијано Роналдо одговори на прашањето колку долго ќе продолжи да игра професионален фуд…