Дома Фудбал Зидан: Сакаме да освоиме трофеи, тоа е нашата ДНК

Зидан: Сакаме да освоиме трофеи, тоа е нашата ДНК

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан даде прво интервју после продолжувањето на тренинзите на тимот.

Зидан се радува што после цели два месеци повторно може да работи со фудбалерите и вели дека ќе се обидат да освојат трофеи и оваа сезона.

„Среќен сум што можам да работам со своите игричи после 60 дена. Сите сме задоволни што се вративме во тренинг центарот. Имавме тренинзи за физичка подготвеност и играчите добро тренираа дома. Сега ќе биде многу добро за работа, иако во мали групи“.

„Фудбалерите се нестрпливи да почнат повторно да играат натпревари, се надеваме дека тоа ќе биде наскоро. Треба да мислиме позитивно, остануваат уште 11 натпревари и сакаме да освоиме барем еден трофеј. Тоа е нашата ДНК“, изјави Зидан.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Харгривс: Вернер ќе ја грее клупата во Ливерпул

Раководството на Ливерпул веќе подолго време работи на трансферот на напаѓачот на Лајпциг,…