Дома Топ вести Зидан и Перез се враќаат по старата желба на Реал Мадрид од Премиер лигата?

Зидан и Перез се враќаат по старата желба на Реал Мадрид од Премиер лигата?

1

Зинедин Зидан оваа недела го превзема Реал Мадрид и сега има желба да внесе промени во тимот после лошата сезона.

Неговото второ тренерско дерби на клупата на Реал Мадрид вчера помина добро бидејќи неговиот тим ја совлада Селта (2:0), а головите ги постигнаа Иско и Бејл.

Французинот во првиот ти мги врати Марсело, Бејл, Иско…Реал конечно заигра како што се очекува од него, но во секој случај клубот сигурно ќе добие нвои играчи во летниот преоден рок. Едер Милитао од Порто веќе е обезбеден.

Целта на Перез наводно е да купат барем две големи ѕвезди како Азар, Мбапе и Ерисекн ,а сега се појави вест дека Зидан сака нов голман.


Следете го Sportski.mk и на


Куртоа иако дојде како големо засилување од Челзи не ги израдува премногу навивачите и Зидан го врати Кејлор Навас на голот, денес се појави вест дека тој и Перез размислуваат за ангажман на нов голман.

Реал Мадрид во минатото долго време се поврзуваше со Давид Де Геа, а според информациите шпанскиот голман повторно е актуелен.

Де Геа и претходно зборуваше дека му недостасува Мадрид, своевремено бранеше за Атлетико. Иако со Реал Мадрид никогаш не се знае сега после доаѓањето на Солскјер во Јунајтед тешко изгледа Де Геа да го напушти клубот.

Но, треба да се истакне дека веќе подолго време преговорите за новиот договор помеѓу Јунајтед и Де Геа се во застој.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал Мадрид се вклучи во трката за „бисерот“ на Рома

Откако Зинедин Зидан се врати на клупата на Реал Мадрид, медиумите пишуваат дека ќе направ…