Дома Фудбал Зидан до новинарите: Вие немате поим, зборувавте да заминам, но – еве тука сум!

Зидан до новинарите: Вие немате поим, зборувавте да заминам, но – еве тука сум!

Зинедин Зидан одржа прес-конференција за медиумите пред утрешниот натпревар од 33. коло против Гетафе во шпанската Ла Лига. Натпреварот се игра од 21:00 часот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тренерот на Реал зборуваше на бројни теми, а една од нив беше неговиот тренерски учинок кој одлучи да го брани на овој прес.

„Дали имав среќа? Да, добив работа во голем клуб. Не мислам дека сум лош тренер. Не сум ни најдобар, тоа е сигурно. Никој никогаш нема да го повлече најдобриот потег тоа е сигурно, но важно е да се има страст. Би сакал со медиумите повеќе да се зборува за фудбалот, а помалку за други работи. Тоа е штета затоа што знам дека и ви го сакате фудбалот“, изјави Зидан.

Потоа еден од новинарите го праша за неговата иднина, а тоа како малку да го налути францускиот стратег.

„Вие немате поим. Зборувавте дека треба да заминам, а еве – тука сум! Не знам што ќе биде за месец, два, година…Тука сум и утре не чека важен натпревар“, порача Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гризман со солзи се прости од Атлетико: Простете, Барселона беше грешка

ФРАНЦУСКИОТ фудбалер Антоан Гризман ја одигра својата последна средба за Атлетико Мадрид п…