Дома Топ вести Звучи чудно: Мбапе не е најплатен во Ла Лига, двајца фудбалери имаат поголеми плати

Звучи чудно: Мбапе не е најплатен во Ла Лига, двајца фудбалери имаат поголеми плати

Килијан Мбапе дефинитивно е најголемата ѕвезда во овој преоден рок откако го замени дресот на Пари Сен Жермен за оној на Реал, но интересно е што Французинот нема да биде најплатениот играч во шпанскиот фудбал.

Килијан Мбапе пристигна во Реал Мадрид бесплатно бидејќи летово му истече договорот со ПСЖ, што му отвори можност да добие поголема плата. Сепак, двајца фудбалери имаат поголема плата од него во елитниот шпански фудбал.


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Одличниот француски крилен напаѓач под договор со Реал Мадрид ќе добива 31,2 милиони евра годишно, што е доволно за „само“ трето место на листата на најплатени фудбалери во лигата. Изненадувачки, двајца фудбалери на Барселона заработуваат повеќе од Мбапе.

Станува збор за Роберт Левандовски со годишна плата од 33,5 милиони евра, а најголемото изненадување на листата Френки Де Јонг кој во Барселона заработува неверојатни 37,5 милиони евра. Ова е изненадување бидејќи Барселона со години е во сериозни финансиски проблеми што резултираше со одредени ограничувања при доведување фудбалери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Наполи го освои и „Сан Сиро“

Наполи запиша голема победа на гостувањето кај Милан 0:2 и се зацврсти на првата позиција …