Љубителите на снукерот кои го пропуштија вчерашниот меч од осминафиналето помеѓу Стефан Магиер и Марк Вилијмас – ќе се каат!
Секако во денешната ера на интернетот и технологијата лесно може да се пронајде снимка од натпреварот, но сигурно дека секој кој го следи овој спорт сакал да ја почуствува неизвесноста во моментот кога се играше мечот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во мечот за аналите кој понуди апсолутно се што снукерот може да понуди, славеше Стефан Магире и тоа откако претходно губеше со 0:4. Освен антологиското враќање против трикратниот светски шампион она што на овој меч му дава дополнителна тежина е последниот, одлучувачки фрејм.
При резултат 5:5, Магире отвори уфрлувајќи две топки за 6:0, но потоа Вилијамс ја искористи грешката и отвори серија.
Изгледаше дека Магире нема да има нова шанса, но тогаш при водство од 33:6 следуваше грешка. Велшанецот се обиде да се извлече, но не одигра добро. Потоа, Шкотот тргна во „кражба“ на фрејмот и се му одеше од рака. Му остана последната црвена топка која успеа да ја внесе во дупката со удар каков што во снукерот не се гледа често.
За оние кои го пропуштија овој меч под текстот можат да го погледнат последниот – епски фрејм!
https://youtu.be/e5Cf8oZ31dA