Пол Погба беше суспендиран кон крајот на минатата сезона откако падна на допинг-тест по натпреварот помеѓу Удинезе и Јувентус на 20 август во 2023 година.
Првичната суспензија за Французинот беше четири години, но неодамна таа се намали на 18 месеци и тој ќе може да игра веќе од март. Сега заа првпат во разговор за „Дејли Мејл“ откри и како според него дошло до допинг.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Имав многу проблеми надвор од фудбалот пореади повредите. По заминувањето од Манчестер Јунајтед сакав во Јувентус да започнам од почеток. И тогаш се случи ова. Зошто јас? Само сакав да играм фудба, место тоа се случија проблеми. Во еден момент се скршив.
Земав додадок во исхраната кој ми го препиша експерт. Ја преземам одговорноста за грешката. Но, ако одите на доктор и тој ви даде нешто што треба да го земата двапати дневно, што ќе направите?“, прашува Погба.
Односот на луѓето кон него по скандалот се променил.
„Сите ние сме луѓе. Сфатив што е животот откако бев казнет. Пол Погба, славниот тип, повеќе не постоеше. Луѓето ме изегнуваа. Претходно бев повикуван на недели на модата и слични настани, а сега зборуваа: Не можеме да го викнеме Погба. Ниту пријателите не се однесуваа како претходно. Кога ќе слушат за допинг, луѓето мислат дека сакаш да станеш „Неверојатниот Хулк“, така луѓето ме гледаа“, раскажа Погба.