Дома Фудбал Останато За Мурињо Мбапе е повреден од Меси и Роналдо – објасни и зошто

За Мурињо Мбапе е повреден од Меси и Роналдо – објасни и зошто

Жозе Мурињо во последно време се почесто се појавува во медиумите со свои изјава, сега Французинот зборуваше за Мбапе, Роналдо и Меси.

За Мурињо кога се зборува за Мбапе не треба да се зборува за тоа што ќе направи за пет или десет години, туку што прави сега. Исто така Португалецот смета дека неговата вредност е поголема од онаа на Меси и Роналдо.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


„Кога зборува за Мбапе, не треба да зборуваме што ќе прави за пет или десет години. Треба да гледаме што прави сега, тој е навистина неверојатен“, изјави Мурињо, па продолжи за вредноста:

„Меси и Роналдо имаат повеќе од 30 години, Нејмар има 27. Кога ќе погледнете од економска страна, годините играат важна улога и поради тоа мислам дека Мбапе е фудбалерот со најголема вредност на пазарот“.

„Ако направи трансфер не се сомневам дека тоа ќе биде поставување на нов рекорд“, смета Мурињо.

Констатацијата на Жозе Мурињо ја дели и центарот за спортски студии (ЦИЕС) кој неодамна во едно истражување го истакна Мбапе како највреден фудбалер во светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го врати Рубен Невеш во јануари, и тоа за ниска сума.

Рубен Невеш сака да се врати во Премиер Лигата и Манчестер Јунајтед е подготвен да ја иско…