Дома Македонски спорт За мечот со Грузија Македонија може да добие засилување во нападот од МЛС лигата!

За мечот со Грузија Македонија може да добие засилување во нападот од МЛС лигата!

Македонија за финалето со Грузија можно е да има засилување во нападот – Даниел Мусовски кој игра во американската МЛС за тимот на Лос Анџелес!

Доколку административно се помине во најдобар ред и навреме во однос на неговиот македонски пасош (неговите родители имаат македонски пасош), тогаш Дани Мусовски би бил во конкуренција за настап на ноемвриските натпревари на македонската репрезентација. 

– Навистина ми е драго што Дени прифати да игра за Македонија, имавме искрен разговор и го очекуваме во нашиот тим на следните предизвици во ноември. Ќе ја зголемиме конкуренцијата во офанзивниот дел од тимот и мислам дека ќе биде од корист за сите. Неговиот ефект во Лос Анџелес е одличен. Наша обврска е да се обидеме да ја зголемиме конкуренцијата во тимот со фудбалери кои ќе донесат квалитет и ќе придонесуваат за подобри резултати. Се надевам дека Мусовски ќе го донесе токму тоа во нашата селекција“, изјави Ангеловски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шок за Конте: Без најдобриот против Парма и Реал!

Лоши вести за Антонио Конте, но и сите навивачи на Интер. Ромелу Лукаку во текот на вчераш…