Дома Останати Кошарка Димитријевиќ освен што го сруши Партизан со 30 поени си го исполни и сонот!

Димитријевиќ освен што го сруши Партизан со 30 поени си го исполни и сонот!

Maкедонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ одигра одличен натпревар во дресот на Уникс Казан против Партизан.

На првиот голем настап Димитријевиќ ги освои симпатиите на навивачите на клубот, но и на луѓето во една од најсилните кошаркарски лиги во регионот, ВТБ лигата.

Уникс Казан вчера го освои 3-тото место во ВТБ Суперкупот откако во малото финале го победи белградски Партизан со 83:77. Димитријевиќ натпреварот го заврши со фантастични 30 поени, па затоа сосема заслужено и беше прогласен за играч на мечот од ВТБ.

Големото задоволство од одлично одиграниот натпревар не го криеше и Димитријевиќ кој по натпреварот откри дека му се исполнил сонот да го запознае Обрадовиќ.

„Нема што да кријам, од мали нозе сум за Партизан. Мојот дедо навиваше за Партизан, исто и мојот татко, поради што ова беше специјален меч за мене. Запознавањето со Жељко (Обрадовиќ) беше остварување на детскиот сон за мене.

Има разлика во лигите во Шпанија и Русија, но фокусиран сум на напредокот, личниот и тимскиот. Очекувам да бидам лидер, сакам да покажам дека можам да помогнам на теренот“, изјави популарниот Нено.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Стеф Кари испиша нова историја во НБА лигата: Со новиот договор урна неверојатен рекорд

Стеф Кари потпиша нов двегодишен договор со Голден Стејт Вориорс вреден 116 милиони долари…