Фудбалерите на Манчестер Јунајтед сакаат Руд ван Нистелрој да остане во стручниот штаб кога новиот менаџер Рубен Аморим ќе го преземе тимот.
Играчите сакаат Холанѓанецот да стане дел од стручниот штаб за да биде нивен посредник во комуникацијата со новиот менаџер, бидејќи сега одлично се сложуваат, пренесува Sky Sport.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Руд Ван Нистелрој моментално ја извршува функцијата менаџер на Јунајтед на привремена основа, а на таа позиција дојде по отказот на Ерик тен Хаг.
Под водство на Холанѓанецот „Црвените ѓаволи“ го совладаа Лестер со 5:2 во Купот, а потоа ремизираа со Челзи 1:1 во Премиер лигата.
Тој ги воодушеви навивачите со страста што ја покажа по головите на неговиот тим, што не треба да чуди бидејќи слично однесување покажа и кога беше напаѓач во дресот на Манчестер Јунајтед.
Рубен Аморин ќе го води тимот на Спортинг од Лисабон до 11 ноември, кога почнува двонеделната репрезентативна пауза, по што ќе ја преземе клупата на англискиот тим.