Дома Трансфер зона Загрижувачки вести за Милан Скриниар

Загрижувачки вести за Милан Скриниар

Дефанзивецот на Интер, Милан Скриниар отпада од плановите на селекторот на Словачка за квалификациските дуели против Луксембург и БиХ.

28-годишниот дефанзивец ги пропушти последните пет меча за Интер поради болки во грбот, но и покрај тоа доби повик од селекторот.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Откако беше прегледан од репрезентативните доктори беше утврдео дека има сериозен проблем.

„Скриниар ми се јави пред еден месец и ми кажа дека има болки во грбот. Во Милано тој започна физиотерапија, но тоа не помогна. Му беше направена магнетна резонанса која покажа дека има оштетување на дискот помеѓу пршлените. Во моментов тој чуствува болка дури и кога мирува“, изјави лекарот на Словачка.

Ова е сериозна повреда, па не се знае колку точно време Скриниар ќе биде надвор од терените.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид за само две милиони евра добива фудбалер кој потсетува на Педри?

Шпанските медиуми најавуваат дека Реал Мадрид наскоро би можел да добие засилување за кое …