Новинарот на „Билд“ Кристијан Фалк кој цело време ги следи сите случувања во и околу Баерн тврди дека Лерој Сане е нов играч на германскиот шампион.
Кристијан Фалк ретко кога греши кога во прашање е Баерн Минхен, а сега тврди дека Сане е нов играч на гигантот од Минхен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сане требаше да дојде во Баерн и минатото лето, но доживеа тешка повреда. Него наредното лето му истекува договорот и беше јасно дека Манчестер Сити нема да си дозволи да го изгуби бесплатно бидејќи самиот играч не сакаше да го продолжи договорот.
На крајот Сити и Баерн постигнаа договор и крилниот напаѓач наредната сезона ќе го носи дресот на Баерн, барем ако му веруваме на Фалк. Сепак, ќе повториме овој човек ретко греши за Баерн.
Информации за сумата нема, претходно се шпрекулираше за 70 милиони евра.
announcement Leroy Sané: the Transfer to @fcbayern is done! @BILD_Sport
— Christian Falk (@cfbayern) June 30, 2020