Се сеќавате на Стивен Пиенар? Овој јужноафрички фудбалер беше голем талент на почетокот на 2000-тите, а во кариерата играше за Ајакс Борусија Дортмунд, Евертон, Тотенхем и Сандерленд.
Пиенар се потсети на времето кога во Ајакс соблекувалната ја делеше со Златан Ибрахимовиќ кој бил негов цимер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мојот и креветот на Златан беа споени. Немаше многу простор. Некогаш ме удираше без причина. Немав поим зошто, но беше добар дечко. Често игравме игри на Плејстејшн“, раскажа Пиенар.
„Едно утро не можевме да го разбудиме кога изби пожар во автобусот. Беше точно под нашиот прозор. Моравме да ги земеме торбите и да ја напуштиме собата. Јас ја земав мојата торба, а Златан викна: Врати се, мораш да ја земеш и мојата торба. Се вративме на спиење, но јас не можев да псијам“, раскажа поранешниот репрезентативец на Јужна Африка.
Златан за Ајакс играше од 2001 до 2004 година.