Дома Трансфер зона Жоржињо донел одлука за својата иднина!

Жоржињо донел одлука за својата иднина!

Шампионот на Европа во клупска и репрезентативна конкуренција, Жоржињо ќе остане во Челзи и наредната сезона, потврди неговиот менаџер Жоао Сантос.


Србија многу најави, малку покажа - 9 ден ↓↓↓



Откако беше потврдено дека Антонио Рудигер ќе го напушти Челзи, навивачите на „сините“ стравуваа дека и одличниот играч за врска би можел да го напушти Лондон. Меѓутоа, за нивна среќа тоа нема да се случи.

Постоеа гласини дека италијанскиот репрезентативец може да пронајде нова средина поради „комплицираната“ ситуација во Челзи која настана поради санкциите кон Роман Абрамович. Јувентус покажа најголем интерес за 30-годишникот, но управата на клубот од Торино била известена дека Жоржињо ќе остане на Островот.

Договорот на Италијанецот со Челзи истекува во 2023 година. Фудбалерот роден во Бразил во клубот е од 2018 година кога дојде од Наполи, а со „сините“ освои титула европски и светски шампион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал спреми 70 милиони за ѕвездата на Наполи

ЕКСКЛУЗИВНО: 50 БЕСПЛАТНИ СПИНОВИ БЕЗ ДЕПОЗИТ - РЕГИСТРИРАЈ СЕ НА МОЦАРТ! Карло Анчелоти с…