Дома Фудбал Суспендирани се судиите од ВАР собата на дербито помеѓу Јунајтед и Сити

Суспендирани се судиите од ВАР собата на дербито помеѓу Јунајтед и Сити

VAR судиите од дуелот меѓу Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити (0:1) се суспендирани поради неуспешните одлуки кои ги донесоа во дербито на градот.

Судиското тело на Премиер лигата го призна фактот дека единствениот гол на натпреварот требаше да биде поништен, за што се одговорни VAR судиите Мет Донахју и Блејк Антробус.

При постигнувањето на голот од Ерлинг Хааланд, Донахју и Антробус беа фокусирани само на проверка дали Енцо Фернандез, кој се наоѓаше во недозволена позиција, ја допрел топката, игнорирајќи го неговото можно влијание врз играта, што според судиската комисија на Премиер лигата беше очигледно, и поради тоа голот требаше да биде поништен.

Освен што Јунајтед беше оштетен, утврдено е дека Сити исто така беше оштетен при исклучувањето на Фил Фоден.

Играчот на Сити го удри капитенот на Јунајтед, Бруно Фернандес, но претходно Португалецот го удри Англичанецот.

Главниот судија Мајк Оливер на Фоден му покажа црвен картон веднаш, но VAR собата требаше да реагира и да објасни што се случи пред ударот на Фоден, и на крај и двајцата играчи требаше да добијат жолти картони.

Поради сите овие пропусти, Донахју и Антробус нема да судат овој викенд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Икарди пред големо враќање во Серија А?

Иако постојат многубројни опции за нов клуб, во моментов најголема е шансата Мауро Икарди …