Дома Офсајд Жоргињо уништил врска од четири години на вработена во Челзи – нејзиниот дечко ги објави пораките!

Жоргињо уништил врска од четири години на вработена во Челзи – нејзиниот дечко ги објави пораките!

Италијанскиот репрезентативец Жоргињо расипа четиригодишна романса откако флертувал со вработена во лондонскиот клуб.

Жоргињо 26 годишната Елиса Скалони, поранешна танчерка која сега е вработена во ексклузивниот салон на „Стенфорд Бриџ“ преку пораки ја прашувал некои интмини работи, а една од нив гласела „Во каков с*кс уживаш?“.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Пораките стигнале и до Арон Хјуз, сега веќе нејзиниот поранешен дечко. Тие двајца на крајот ја прекинаа врската, а се започнало пред договорениот одмор на Шри Ланка.

„Таа се повеќе и повеќе почна да зборува за Жоргињо. Започнав да се сомневам. Кога минатото лето ми кажа дека ќе оди на турнеата на Челзи низ Јапонија, и кажав дека ќе и забранам. Кога се врати ја прашав дали нешто се случило и ми кажа дека не. Тогаш не знаев за пораките“, изјави огорчениот Арон, кој инаку е навивач на Арсенал.

Се разоткрил кога го нашол нејзиниот „iPad“ на креветот.

„На креветот го видов нејзиниот „iPad“ сакав да го исклучам и тогаш видов многу пораки помеѓу неа и Жоргињо. Му праќала пораки додека била покрај мене. Додека биле во Јапонија тој и пишал да дојде кај него во соба. Во една порака на италијански ја праша во каков с*кс ужива“.

Таа му одговорила: „Во див“. Потоа тој и напишал дека сака да ја види пијана, а нејзиниот одговор: Ќе ме видиш, не грижи се“:

Сепак, покрај се договорениот одмор на Арон и Елиса не бил откажан. Еден ден откако ги открил пораките тие биле во авион за Шри Ланка.

„Беше предоцна за откажување па отидовме и тоа беа двете најлоши недели во мојот живот. Едвај разговаравме и атмосферата беше ужасна. Кога се вративме бараше да се обидеме да ја продолжиме врската, но не сакав и се разделивме“, раскажа Арон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Офсајд

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…