Дома Фудбал Репрезентации Жоргињо: Ќе направиме се за да oдиме на Мундијал

Жоргињо: Ќе направиме се за да oдиме на Мундијал

Eвропскиот шампион Италија ќе ја има улогата за фаворит за шест дена против Македонија во мундијалското полуфинале на плејофот во Палермо.

Италија го пропушти Светското првенство во Русија во 2018 година и првпат после половина век „Аѕурите“ не играа на еден Мундијал. Сега во баражот за СП Италија ќе игра против Македонија. Колку за Италија е важен баражот зборуваше и фудбалерот од средниот ред на Челзи, Жоргињо.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Сонувам за настап на едно Светско првенство. Тоа е сон на секој фудбалер, нема некој што не го сака тоа ќе направиме се за да одиме на Мундијалот. Сакаме пласман, имаме извонредна група и без оглед што ќе играме бараж верувам дека на крајот ќе успееме“, изјави Жоргињо.

Токму Жоргињо е еден од главните виновници што Италија игра бараж, промаши два пенали во пресметките со Швајцарија која на местото на Италија обезбеди директен пласман. Македонија.

Македонија против Италија ќе игра на 24. март на гости во Палермо, а потоа не очекува уште еден дуел против Португалија или Турција исто така на гостински терен. Ќе напоменеме дека Македонија во секој случај ќе игра втор натпревар, ако победи за пласман на СП, а доколку не ќе играме со поразениот од втората пресметка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…