Дома Фудбал Лига на шампиони Жиру: Му кажав на Маунт дека тој ќе биде виновен ако ми го поништат голот

Жиру: Му кажав на Маунт дека тој ќе биде виновен ако ми го поништат голот

Oливие Жиру вчера со фантастичен гол со ножички му донесе победа на Челзи над Атлетико Мадрид од 1:0.

Французиниот реагираше голгтерски и ја смести топката во мрежата.

Неговиот гол се проверуваше од ВАР бидејќи не беше јасно претходно кој ја удри топката, дали Маунт или Ермосо. На крајот одлуката беше дека Ермосо играл последен со топката пред таа да дојде до Жиру.

„Му кажав на Маунт дека тој ќе биде виновен ако ми го поништат голот. Среќен сум што топката заврши во мрежата и што не е офсајд. Со ВАР секогаш морате да бидете смирени. Долго се чекаше одлуката да биде донесена. Чудно беше што голот го славевме три минути подоцна“.

„Беф фокусиран само да ја удрам топката, инстиктивно ми дојде да направам ножички, не гледав дали сум во офсајд, Маунт ми зборуваше дека не ја допрел и така испадна“, изјави Жиру.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Бамфорд: Џани е како мало дете, има девојка исто луда како него

Многу често фудбалерите на Лидс зборуваат за лудориите на Езгјан Алиоски сега на оваа тема…