Дома Трансфер зона „ЕСПН“: За трансферот на Манџукиќ да се реализира Хрватот мора да прифати еден услов

„ЕСПН“: За трансферот на Манџукиќ да се реализира Хрватот мора да прифати еден услов

0

Oле Гунар Солскјер и покрај очајниот старт нема да добие отказ во Манчестер Јунајтед. Клубот ќе му даде прилика во зимскиот преоден рок да го засили тимот.

Пари за засилувања Солскјер ќе има, но ќе мора внимателно да избира играчи со оглед на ситуацијата во која се наоаѓа клубот.

Еден од играчите кои веќе подолго време е на мета на „црвените ѓаволи“ е Марио Манџукиќ. 33 годишниот хрватски напаѓач е во втор план во Јувентус каде што некое време не е ниту во составот за натпреварите. Манџукиќ беше пред трансфер во Катар меѓутоа преговорите со Катарците пропаднаа.

Сега реномираниот „ЕСПН“ тврди дека Јунајтед го контактирал играчот и му порачал дека за трансферот да се реализира ќе мора да се согласи на помала плата.

Во Јувентус Манџукиќ заработува околу четири ипол милиони евра евра, а очигледно во Јунајтед не се спремни толку да му дадат.

Сумата која клубот од „Олд Трафорд“ би му ја платил на Јувентус се очекува да биде помеѓу 10 и 15 милиони евра.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Катарски тајкуни може да му станат газди на Елмас

Богатите Катарци понудиле 560 милиони евра за купување на Наполи. Според пишувањето на „Де…