Дома Останати Ентони Џошуа во карантин!

Ентони Џошуа во карантин!

Светскиот шампион во бокс, Ентони Џошуа заврши во самоизолација поради страв дека има коронавирус.

Тој имал контакт со принцот Чарлс, на кого му беше константирано присуство на коронавирусот, а токму Џошуа во последно време имал контакт со него.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Џошуа бил во друштво на кралското семејство на Денот на Комонвелтот на 9 март и имал контакт со Чарлс, а со известување излезе и тимот на светскиот шампион.

„Џошуа е дома и ги следи упатствата на владата на Велика Британија. Тој се чувствува добро, здрав е и сака брзо закрепнување за секој што е заразен со коронавируси“, соопштија од тимот на Џошуа.

Џошуа треба да се врати во Лондон на 20 јуни. Планирано е да ги брани шампионските титули против Кубрат Пулев, но оваа борба е под знак прашалник поради пандемијата на коронавирус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ повторно поразен од Синер

Јаник Синер го совлада Новак Ѓоковиќ со 2-1 во сетови на турнирот во Саудиска Арабија. Сам…