Дома Фудбал Англија Емери за отказот на Мурињо: Ова не се добри вести

Емери за отказот на Мурињо: Ова не се добри вести

emery

Тренерот на Арсенал, Унаи Емери бил изненаден од веста дека Мурињо добил отказ на клупата на Манчестер Јунајтед.

Управата на англискиот клуб денес му додели отказ на Мурињо, а пресуден момент беше поразот од Ливерпул во големото англиско дерби.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Освен, Клоп и Покетино неговиот отказ го прокоментира и стратегот на Арсенал Унаи Емери.

„Единствено што можам да ви кажам е дека сум изненаден и дека ова не се добри вести, бидејќи кога тренерот на ваков начин ќе ја заврши својата работа, не е добро за ниту еден тренер“.

„Секој тренер има свој начин на работа. Секој од нас размислува како да биде уште подобар и работи напорно за да ги оствари своите цели. Одиме напред на овој или оној начин. Искуството на Мурињо во Премиер лигата како тренер големо, многу големо. Ова не се добри вести, но не знам зошто одлуката е донесена и не можам премногу да коментирам“, порача Шпанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо продолжи да испишува историја

Кристиано Роналдо беше двоен стрелец во гостинската победа на неговиот тим од 3-1 над Ал-Г…