Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп имаше само убави зборови за својот колега Жозе Мурињо, кој денес доби отказ од кормилото на Манчестер Јунајтед.
Викендов тимот на Клоп со 3:1 го победи Манчестер Јунајтед, што беше капката која ја прелеа чашата за Мурињо да добие отказ.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Мурињо е многу амбициозен тип, имам голем респект кон него и неговите неверојатни успеси. Мислам дека последните месеци не беа многу пријатни за него. Секој ден мораше да се соочува со многу шпекулации, а тоа е проблем“.
„Меѓутоа, никој не може да му ги земе трофеите кои ги освоил. Се надевам дека тој заминува со таа мисла во главата, а не со некои работи кои се случија последните месеци. Мурињо е навистина исклучителен менаџер“, истакна Клоп.
Познат човекот кој “му врачи“ три откази на Мурињо https://t.co/DsodH8dArY
— Sportski.mk (@Sportski_mk) December 18, 2018