Дома Фудбал Англија Емери експрено се враќа и тоа во Премиер лигата

Емери експрено се враќа и тоа во Премиер лигата

Шпанскиот тренер Унај Емери неодамна доби отказ од Арсенал поради лошите резултати, но според најавите нема долго да остане без работа.

„Топчиите“ сезонава не играат најдобро и во моментов се наоѓаат на 11-та позиција во Премиерлигата, а ниту Фреди Љунберг не успеа да ги подобри резултатите.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Меѓутоа, Емери наскоро би можел да се врати во Премиерлигата и тоа како тренер на Евертон, кој веќе го контактирал и му понудил договор.

Евертон е без тренер од минатата недела кога го отпуштија Марко Силва, а очигледно Емери е прва желба на раководството.

Емери треба да потпише договор до 2021 година, но се уште не им дал конечен одговор на „карамелите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шок за Мората: Поради необичен проблем може да ја заврши кариерата?!

Фудбалерот на Атлетико Мадрид и шпански напаѓач, Алваро Мората веќе неколку дена не тренир…