Дома Фудбал Италија Елмас по голот: Бев сигурен дека ќе погодам!

Елмас по голот: Бев сигурен дека ќе погодам!


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас во вчерашниот натпревар на Наполи против Сампдорија изнуди и даде гол од пенал со кој ја потрди победата од 2:0.

За Елмас ова беше четврти гол сезонава во Серија А и од неговото доаѓање во 2019 година оваа сезона голгетерски е најефективна за него. Минатата година постигна три гола.

Сезонава Елмас дава гол кога е стартер и така покажува дека Спалети повеќе треба да верува во него.

„Пенал шутира тој што се чувстува најдобро, нема некој што мора да шутира. Не менува многу кој и да шутира, најважно е да се даде гол и да се победи.

Мене ми беше важно само да погодам, а бев сигурен во тоа. Ова беше мојот прв гол од пенал“, изјави Елмас.

Елмас играше на местото на Пјотр Зиелински кој остана на клупата.

„Тренерот побара од мене да го правам тоа што го права Зиелински. Секогаш се трудам да дадам се од себе во било која улога на теренот. По тешкиот меч во Милано, доаѓањето тука во Џенова не беше лесно. Дојдовме тука како група и се боревме со јасна цел“, изјави Елмас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Бомба“ во НБА: Кајри Ирвинг побарал трејд!

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Ѕвездата на Бруклин …