Дома Фудбал Англија Еден од најстандардни во Сити се пожали: Вака ќе се пензионирам на 30 години

Еден од најстандардни во Сити се пожали: Вака ќе се пензионирам на 30 години

Дефанзивецот од редовите на Манчестер Сити, Мануел Аканџи е уште еден во низата фудбалери кои се пожалија на густиот распоред наметнат од ФИФА и УЕФА.

Често се случува фудбалерите јавно да се жалат на распоредот кој од година во година е со се повеќе натпревари. Аканџи дури и најави дека ако нешто не се промени би можел да се пензионира и на 30 години.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Никако не може да додавате само натпревари цело време и да мислите дека се ќе остане како што било претходно. Мора да се мисли на фудбалерите, ќе дојде момент кога ќе бидат премногу уморни, па ќе има и повеќе повреди. Тренираме максимално напорно и подготвени сме физички, но се треба да има граница. Ако нешто не се промени, можеби ќе се пензионирам на 30 години“, изјави Аканџи.

Сезонава Аканџи забележа пет натпревари за клубот и два за националниот тим во Лигата на Нации. Во сите натпревари одигра 90 минути. Во среда со Манчестер Сити го чека нов предизвик и тоа против Интер во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…