Еден од најдобрите фудбалери изминативе години на велешки Борец, Ѓорѓи Ѓорѓиев е првото засилување на Брегалница за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.
Долгогодишниот капитен на Борец кој зад себе остави извонредна сезона во Првата лига со 31 одигран натпревар за велешани (убедливо најмногу во тимот од Велес), и постигнати шест гола, од бројните понуди за продолжување на кариерата се одлучи да го прифати договорот со „сините“ како сериозно засилување на тимот на Илчо Ѓорѓиоски.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„За мене е огромна чест и задоволство што доаѓам во клуб како Брегалница. Знам што значи Брегалница за македонскиот фудбал, и знам со какви амбиции ја очекува новата сезона, амбиции во кои верувам максимално успешно ќе се вклопам“ – истакна 25-годишниот Ѓорѓиев по промоцијата во дресот на „сините“.
Ѓорѓиев кој игра на деснокрилната позиција во средниот ред пет години беше незаменлива алка во тимот на Борец, за да сега со нови амбици ги очекува прволигашките предизвици во дресот на Брегалница.