
Неколку европски гиганти веќе ја започнаа битката за ѕвездата на Клуб Бриж и белгиски репрезентативец, Чарлс Де Кетелар.




Новопечениот репрезентативец на Белгија блеска во дресот на Бриж и сигурно ќе ја промени средината за време на летниот преоден рок бидејќи е мета на голем број европски гиганти.




Дерби на Италија во Серија А и битка за титула во Бундеслига ↓↓↓
21-годишниот Де Кетелар важи за еден од најголемите европски таленти, а најсилен интерес за него покажуваат Борусија Дортмунд, Манчестер Сити, Милан, Ливерпул и Арсенал.




Белгиецот е офанзивен играч за врска, кој може да игра и како крило, а оваа сезона на 29 меча постигна 12 гола и запиша 7 асистенции.
Бриж за неговата слобода бара 30 милиони евра, а неколку клуба се спремни да ја платат таа сума.