Дома Топ вести Постигнат договор: Милан плаќа 35 милиони за „новиот Де Брујн“

Постигнат договор: Милан плаќа 35 милиони за „новиот Де Брујн“

После долги преговори Милан и Клуб Бриж конечно постигнаа договор за трансфер на Чарлс де Кетелар, кој ќе се пресели на „Сан Сиро“ за 35 милиони евра.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


21-годишниот Де Кетелар важи за еден од најголемите европски таленти, минатата сезона блесна во дресот на Клуб Бриж и е примарна трансфер цел на „росонерите“.

Двата клуба постигнале договор и Бриж ја прифатил последната понуда од Милан тешка 32 милиони евра плус 3 милиони како бонуси.

Де Кетелар веќе има договор со Милан и ќе потпише договор до 2027 година, а се очекува утре да пристигне во Милано на лекарски прегледи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…