Хрватскиот фудбалски репрезентативец, Анте Будимир на натпреварот против неговата Осасуна на гостински терен против Лас Палмас доби незгоден удар, а потоа се предизвика паника на стадионот.
Будимир мораше да го напушти теренот откако во 90. минута доби силен удар во главата и раскрварен излезе од игра.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Тогаш почнала драмата кога напаѓачот изгубил свест, како што пренесуваат шпанските медиуми тој веднаш бил пренесен во болницата каде што било утврдено дека се здобил со скршеница на максиларниот синус.
Засега не е познато дали ќебиде опериран, добрата вест е што им се придружил на соиграчите и со нив се вратил во Памплона.