Дома Фудбал Поранешниот судија за поништениот гол на Барселона: Една од најголемите грешки што сум ги видел

Поранешниот судија за поништениот гол на Барселона: Една од најголемите грешки што сум ги видел

Судиите во Ла Лига во последно време се премногу често на удар на критичарите и јавноста оваа, а за одредени ситуации може да се каже и заслужено.

Од коло во коло на терените ширум Шпанија се случуваат помали или поголеми судиски грешки, а изминатиот викенд судиската одлука да го поништи голот на Барселона во победата над Лас Палмас се најде на насловните страници во медиумите.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Рафиња постигна гол, а иако беше и „проигра“н во „офсајд“ од противнички играч, кој играше со топката, судијата одлучи да досуди недозволена позицција.

На оваа тема се огласи пензионираниот судија Матеу Лахоз.

„Поништениот гол на Рафиња е една од најголемите грешки што сум ги видел. Навистина е штета, лудо е што судијата реши да досуди недозволена позиција. Рафиња на ниту еден начин не учествуваше во таа акција, а топката дојде до него откако противникот претходно ја удри топката двапати и го смени нејзиниот правец. Се уште не ми е јасно како судиите донесоа одлука да досудат офсајд.“, изјави Лахоз.

Барселона победи во натпреварот, а на табелата на осум кола пред крајот Реал Мадрид има осум бода повеќе од каталонскиот гигант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …