Дома Топ вести Драма во Шпанија: Фудбалер падна од трет спрат, мечот откажан!

Драма во Шпанија: Фудбалер падна од трет спрат, мечот откажан!

После шокантните вести за несреќата на фудбалерот Палеа Ново, се одложи мечот од втората шпанска лига помеѓу Хуеска и Албасете.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Имено, фудбалерот на Албасете Палеа Ново моменатлно се наоѓа во критична состојба откако падна од трет спрат на хотелот каде беше сместен заедно со остатокот од тимот пред гостувањето против Хуеска.

Се уште не е јасно што точно се случило, но познато е дека Ново паднал од прозор од третиот спрат на хотелот „Аба Хуеска“.

Ново веднаш бил пренесен во болницата во Зарагоза, а од Албасете соопштија дека 27-годишниот фудбалер е во тешка, но стабилна здравствена состојба.

„Нашиот фудбалер претпрпи исклучително тешки повреди во несреќата која се случи во хотелот каде беше сместена екипата. Тој моментално е во стабилна состојба“, сооптија од Албасете.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Хаос по мечот Ц. Звезда – Нови Пазар: Се запали автобусот на гостинските навивачи – ужасно! (ВИДЕО)

Хаотични сцени видовме на патот по натпреварот помеѓу Црвена звезда и Нови Пазар (1:2) во …