Дома Останати Ракомет Драма во борбата за петто место: Исланд промаши празен гол, Норвешка славеше после продолженија!

Драма во борбата за петто место: Исланд промаши празен гол, Норвешка славеше после продолженија!

Во драматичен натпревар за петтата позиција на Европското првенство Норвешка го победи Исланд и така си обезбеди директен пласман на следното Светското првенство.

Норвешка подобро го отвори натпреварот, а на крајот се влезе во една крајно неизвесна завршница. Натпреварот беше решен буквално во последната секунда. На полувремето Норвежаните имаа предност од 12:16, сепак Исланд не се предаде и успеа да се врати во второто полувреме.

Во последните минути Исланд дојде и до водство од еден гол разлика 27:26. Норвешка изедначи, а Исланѓаните имаа голема прилика да дојдат до победата. Јонсон во самата завршницан е успеа да ја погоди празната мрежа, па така остана 27:27 и се замина во продолженија.

Дополнителните пет минути донесоа изедначена игра во која се играше гол за гол се до самиот финиш. Тогаш Исланд не реализираше цепелин, а Раинкинг успеа да биде побрз од сирената и да погоди за конечни 33:34.

Најефикасен во натпреварот беше Магнусон со 10 г ола, Смарасон постигна осум, додека кај Норвешка се истакнаа Сагосен со осум и Раинкинг со шест.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Поранешниот вардарец Кевин Њокас ќе игра во Саудиска Арабија

Поранешниот ракометар на Вардар Кевин Њокас кариерата ќе ја продолжи на Блискиот Исток. Но…