Дома Фудбал Челси ѝ го „скрши филмот“ на Барселона, Флик ќе се „теши“ со засилување од Њукасл

Челси ѝ го „скрши филмот“ на Барселона, Флик ќе се „теши“ со засилување од Њукасл

И покрај тоа што летниот преоден рок сè уште не е официјално отворен, раководството на Барселона веќе активно работи на засилувања за наредната сезона. Каталонскиот гигант има неколку желби на трансфер-пазарот, но една од нив очигледно нема да може да ја реализира.

Според информациите од Англија, Челси нема намера да се раздели со Жоао Педро, иако интересот од Барселона бил сериозен. Од клубот јасно ставиле до знаење дека бразилскиот офанзивец не е на продажба и дека претставува важен дел од плановите за иднината на тимот од Лондон.

По ваквиот развој на ситуацијата, тимот предводен од Ханси Флик веднаш се насочил кон нова алтернатива. Наводно, главна мета сега е Anthony Gordon од Њукасл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ришарлисон е во голем проблем: Tottenham го пречкрта, му остана само бизарно решение од ФИФА!

Само неколку дена откако изгледаше дека конечно може да ја пронајде излезната врата од сит…