
Се почесто се огласуваат најавите дека Душан Влаховиќ би можел за време на летниот трансфер период да го напушти Јувентус, а сега се појави нова интересна информација.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Според пишувањата на реномираниот Тутоспорт, Наполи веќе започнал прелиминарни преговори со претставниците на српскиот напаѓач, додека интерес за Влаховиќ покажуваат и Баерн Минхен, Атлетико Мадрид и Њукасл.
Влаховиќ има договор со Јувентус кој истекува следното лето, а преговорите за продолжување на соработката засега не донесоа договор.
Италијанскиот клуб на српскиот репрезентативец му понуди нов договор со намалување на платата од сегашните примања кои изнесуваат околу 12.000.000 евра годишно. Наводно, „бјанконерите“ нудат 6.000.000 по сезона, додека Влаховиќ не би се согласил на помалку од 8.000.000 евра, што е значително намалување на сегашната плата.
Ситуацијата дополнително ја комплицира фактот дека Јувентус следната сезона нема да учествува во Лигата на шампионите, што може да влијае на одлуката на српскиот фудбалер за продолжување на кариерата.