Дома Фудбал Македонија остана без Барди за натпреварите со БиХ и Турција!

Македонија остана без Барди за натпреварите со БиХ и Турција!

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди нема да настапи на претстојните пријателски натпревари против Босна и Херцеговина и Турција поради повреда.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Македонија в петок ќе гостува на стадионот Кошево во Сараево против БиХ, а на 1 јуни во Истанбул ќе одигра контролен меч со Турција. Иако Барди се приклучи на репрезентативниот собир, по направените медицински прегледи било утврдено дека не е подготвен за настап.

Од Фудбалската федерација на Македонија соопштија дека капитенот нема да му биде на располагање на селекторот за двата натпревари, додека засега останува неизвесно дали дополнително ќе биде повикан нов фудбалер на негово место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Европјаните ќе го бојкотираат Светското првенство?!

Дали ФИФА има план да фрли „нуклеарна бомба“ врз фудбалот, како што наведоа во британскиот…