Дома Останати Тенис Ѓоковиќ го споредија со Макрон, погледнете како реагираше (Видео)

Ѓоковиќ го споредија со Макрон, погледнете како реагираше (Видео)

Најголемиот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, уште еднаш го покажа својот хумор додека учествуваше во едно француско телевизиско шоу каде што релаксирано разговараше на течен француски јазик.

Во текот на емисијата, призна дека години наназад има еден проблем, а тоа е неговата честото доцнење.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


“Понекогаш имам проблем со тоа што каснам. Но, денес не задоцнив, ми рекоа да дојдам во 7:30, а стигнав во 7:35. Па добро, пет минути таму-овде, тоа е прифатливо во Франција”, рече Ѓоковиќ насмеан.

Вистинското шоу започна кога еден од гостите го упати на тоа дека истото го прави и францускиот претседател Емануел Макрон, кој исто така е познат по своите доцнења.

Ѓоковиќ изненадено го запраша, насмеан, дали тоа е комплимент.

“Сериозно? Добро, дали тоа е комплимент или не?”

Кога ја доби потврдата дека е, српскиот тенисер кратко одговори:

“Аха, тогаш се е во ред”.

Публиката во студиото се распука од смеа, а снимката бргу стана вирална на социјалните мрежи.

Многу фанови коментираа дека Новак уште еднаш покажал зошто луѓето по целиот свет го сакаат, поради неговата спонтаност, шарм и способност да се шегува на сопствена сметка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Сабаленка му возврати на Ѓоковиќ, заводливо танцуваше по победата на Ролан Гарос (Видео)

Првата тенисерка во светот, Арина Сабаленка, лесно помина во првото коло на вториот Гренд …