Дома Фудбал Разочарувањето во Милан може Модриќ да го натера предвреме да се пензионира?!

Разочарувањето во Милан може Модриќ да го натера предвреме да се пензионира?!

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација, Лука Модриќ, може да ја заврши својата голема играчка кариера по Светското првенство 2026 година, известуваат шпанските и италијанските медиуми.

Според шпанскиот AS, повикувајќи се на извори од Италија и новинарот Николо Шира, искусниот играч од средниот ред сериозно размислува за пензија, а неуспехот на Милан да се пласира во Лигата на шампионите дополнително влијаеше врз неговата одлука.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Модриќ се најде во центарот на вниманието по поразот на Милан од Каљари, што ги остави Росонерите без шанси за настап во елитното европско натпреварување следната сезона. Играњето во Лигата на шампионите беше еден од клучните услови за негово останува во клубот.

Како што известуваат италијанските медиуми, по натпреварот Модриќ земал време да размисли, но се повеќе се сугерира дека продолжувањето на професионалната кариера не е во неговите планови. Неговиот договор со Милан наскоро истекува, иако клубот имаше амбиција да го задржи и за наредната сезона.

Недостигот од пласман во Лигата на шампионите предизвика голема турбуленција во Милан. Клубот веќе започна со реконструкција, а среде промените, прв остана без работа тренерот Масимилијано Алегри.

Таквата состојба дополнително влијаела на Модриќ, кој во Милан пронајде стабилност и имаше значајна улога во тимот, додека неговото семејство успешно се адаптирало на животот во Италија.

Модриќ би требало скоро да донесе конечна одлука за својата иднина, бидејќи за неколку дена заминува со хрватската репрезентација на Светското првенство кое се одржува во САД, Канада и Мексико.

Според пишувањето на Тутоспорт, разочарувањето поради состојбата во Милан е големо, иако клубот се обидува да го убеди легендарниот фудбалер да остане.

Хрватска на Светското првенство ќе игра во група со Англија, Панама и Гана. Првиот натпревар го играат на 17 јуни против Англија, потоа следува дуелот со Панама на 24 јуни, додека групната фаза ја затвораат со натпреварот против Гана на 27 јуни.

Во зависност од резултатите на Хрватска на турнирот, тие натпревари би можеле да бидат и последните настапи на Лука Модриќ во една од најголемите кариери во историјата на светскиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Eкс-играч одби да настапи на Мундијалот: Треба да играат оние кои ги играа квалификациите

Некогашниот напаѓач на Париз Сен Жермен, Одсон Едвард, ја откри својата одлука да не наста…