Дома Останати Кошарка НБА Дончиќ стигна до нов трипл-дабл, но и се повреди 🎥

Дончиќ стигна до нов трипл-дабл, но и се повреди 🎥

Лука Дончиќ повторно одигра одличен натпревар и со 34 поени, десет скока и асистенции го предводеше Далас до победа против Њу Орлеанс со 127:117.

За Словенецот ова беше 55-ти трипл-дабл во кариерата, но го „плати“ со повреда поради која ќе мора одреден период да биде надвор од терените.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Треба да се знае дека Њу Орлеанс во овој натпревар беше без тројцата најдобри, Зајон Вилијамсон, Брендан Инграм и Си-Џеј Мекалум.

Лејкерси беа подобри од Сакраменто во калифорниското дерби со 136:1354. За „езерџиите“ ова беше петта победа по ред и полека се приблжуваат кон местата кои водат во плејофот.

Леброн Џејмс беше најефикасен во својот тим со 37 поени, осум скока и седум асистенции, одлични беа уште Том Брајант со 29 поени и 14 скока и Денис Шрудер со 27 поени.

За издвојување е и настапот на Расел Вестбрук кој како резервист постигна дабл-дабл со 25 поени, 15 асистенции и пет скока.

На Голден Стејт не му оди без Стеф Кари кој е повреден, па така против Орландо го претрпеа вториот пораз во низа 101:115.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Сан Антонио – Бостон 116-121, Чикаго – Јута 126-118, Далас – Њу Орлеанс 127-117, Голден Стејт – Орландо 101-115, Сакраменто – ЛА Лејкерс 134-136.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Реал тргнува по дефанзивец на Тотенхем

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а најново име на списокот…