Дома Останати Кошарка НБА Дончиќ сруши рекорд на Џордан: Единстен е во НБА на кого му успеало вакво нешто!

Дончиќ сруши рекорд на Џордан: Единстен е во НБА на кого му успеало вакво нешто!

Сакраменто Кингс го победија Далас со 110:106, а и покрај тоа што беа поразени кај Далас одново одличен беше Лука Дончиќ.

Дончиќ за 35 минути постигна 27 поени, имаше седум скокови и осум асистенции. Со тоа стана првиот играч во историјата на НБА кој одигра 19 натпревари во низа со најмалку 20 поени, пет скокови и пет асистенции.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во претходниот натпревар Далас го победи Њу Орлеанс со 130:84. Дончиќ за 26 минути оствари учинок од шест скокови и девет асистенции и така се изедначи со Мајкл Џордан и Оскар Робертсон како единствени играчи со таков учинок на 18 натпревари во низа. Робертсон има низа од 29 натпревари, меѓутоа ја направи пред да започне да се игра НБА во ваков формат.

Против Сакраменто стана првиот играч од 1976 година откако е НБА лигата, односно откако се споија АБА и НБА.

Словенецот продолжува да пишува историја!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Големи пофалби за Дончиќ: Ќе биде помеѓу најдобрите тројца кошаркари во историјата

Првиот човек на Далас, Марк Кјубан е убеден дека Лука Дончиќ е најдобриот кошаркар кој игр…