
Лука Дончиќ го предводеше Далас до убедлива победа против Феникс од 113:86 и со тоа се изборија за седми натпревар во полуфиналето.




Натпреварот беше решен во втората четвртина кога Далас успеа да обезбеди 15 поени предност на полувремето. Во главна улога на теренот беше Лука Дончиќ кој оствари дабл-дабл од 33 поени, 11 скока и 8 асистенции. Дончиќ така сам беше подобар од тандемот на Феникс, Букер – Пол кој заедно постигна 32 поени, запиша 10 скока и 7 асистенции, но имаа дури 13 изгубени топки, осум од нив беа на Букер.




Дончиќ со овој натпревар повторно испиша историја затоа што го одигра петтиот натпревар во плеј-офот во кој постигнал барем 30 поени, 10 скока и пет асистенции. Словенецот така се одвои од Дирк Новицки на кој за вакви четири остварувања му беа потребни 145 натпреварот, Дончиќ го престигна со само 22 натпревари.




Пласманот во конференциското финале обезбеди Мајами кој со 99:90 го совлада Портланд и дојде до 4:1 во серијата. Во финалето Мајами ќе го чека подобриот од Бостон и Милвоки каде што Бостон води 3:2. Најдобар во редовите на Мајами беше Батлер со 32 поени.