Дома Останати Кошарка НБА Дончиќ и Далас елиминирани, Денвер се избори за „мајсторка“ ?

Дончиќ и Далас елиминирани, Денвер се избори за „мајсторка“ ?

Tимот настапот во плеј-офот го заврши во првиот круг после поразот од ЛА Клиперси со 111:97 во шестиот натпревар од серијата за 4:2.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Лука Дончиќ одигра одлично и сезоната ја заврши со стил. Одличниот Словенец одигра натпревар во кој постигна 39 поени, девет скокови и девет асистенции, но тоа не беше доволно за неговиот тим да слави, Клиперси беа предводени од Каваи Ленард кој оствари учинок од 33 поени и 14 скокови.

Натпреварот беше одлучен во третата четвртина кога Клиперси направија разлика од +23 (77:54), а Мавси немаа сила за враќање и пресврт.

Во дуелот помеѓу Јута и Денвер ќе се игра „мајсторка“ затоа што Наџентси во шестиот меч славеа со 117:107.

Никола Јокиќ натпреварот го заврши со 22 поени, а најдобар во победничкиот тим со 50 поени беше Џамал Мареј. Кај Јута Мичел уфрли 44 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…