Дома Останати Кошарка Дончиќ ги натера сите да се запрашаат дали е човек, но мечот го заврши во очај, а за тоа е виновен самиот тој!

Дончиќ ги натера сите да се запрашаат дали е човек, но мечот го заврши во очај, а за тоа е виновен самиот тој!

Лука Дончиќ одигра уште еден маестрален натпревар во дресот на Далас Маверикс, но повторно и на болен начин беше поразен. Со кош од 20 метри и тоа со звукот на сирената.

На гостувањето кај Кливленд, Дончиќ повторно беше доминантен со 45 поени, 14 асистенции и девет скока, но неговиот тим загуби.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


На три секунди до крајот Словенецот му асистираше на Пи Џеј Вашингтон за забивање и евентуална победа, но не сметаа на тоа што ќе следи.

Топката дојде до Макс Штрузе кој шутираше од 20 метри и погоди на неверојатен начин за огромното славје на навивачите на Кавс и практично на целата сала.

Дончиќ беше прв на дефанзивната линија, а одигра млака одбрана. По натпреварот тој самиот изјави дека е виновен за поразот.

„Неверојатен шут. Немам многу да кажам. Тоа беше моја грешка. Требаше да притиснам повеќе. Јас бев првиот што бранев, па затоа беше моја вина“, изјави Дончиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Кошаркарите на Далас натпис на српски јазик испратија провокација до Јокиќ 🎥

Лука Дончиќ игра уште една одлична сезона во дресот на Далас Маверикс, а како што стојат р…