Дома Фудбал Италија Италијанците тврдат: Трансферот на Донарума во Јувентус е скоро завршен!

Италијанците тврдат: Трансферот на Донарума во Јувентус е скоро завршен!

Италија е спремна за голем летен трансфер.

Медиумите на Апенините пренесуваат дека Џиџи Донарума е пред трансфер во редовите на Јувентус.

Наводно, голманот и челниците на Јувентус ќе направат финални разговори по крајот од сезоната каде треба да бидат договорени и деталите за трансферот на голманот во торинскиот клуб. Инаку, договорот на Донарума со Росонерите истекува на лето.

Оваа информација на Твитер ја потврди и Масимилијано Ноци кој истакна дека трансферот на Донарума е скоро завршена работа.

Росонерите и Старата дама се во борба за пласман во ЛШ, а една екипа многу лесно може да остане без најелитното натпреварување за наредната сезона.

Се поставува прашањето што ако Милан избори пласман во ЛШ, а Јувентус извиси, како тогаш ќе се развива целата приказна околу Донарума. Оваа шпекулација италијанските медиуми веднаш ја елиминираа и наведуваат дека Донарума од лето ќе биде нов голман на Јувентус, без оглед какви ќе бидат резултатите по крајот на тековната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фудбалерите го одработија првиот тренинг во Амстердам 📸

Maкедонската фудбалска репрезентација ја чека натпреварот од последното коло во групата на…